Хаваи: Вулканот Килауеа уништи над 30 објекти
07.05.2018 12:22
Околу 1.700 луѓе беа евакуирани, а во засолништата се сместени 240 граѓани. Дел од нив добија дозвола да одат до своите домови и да ги земат миленичињата, потребната медицинска терапија или документите.

Вулканот Килауеа уништи над 30 објекти на островот Хаваи. Околу 1.700 луѓе беа евакуирани, а во засолништата се сместени 240 граѓани. Дел од нив добија дозвола да одат до своите домови и да ги земат миленичињата, потребната медицинска терапија или документите.
Научниците предвидуваат дека вулкански ерупции и земјотреси може да има во следните неколку месеци. Килауеа е еден од петте активни вулкани на островот, континуирано исфрла лава од 1983 година.
