Одбележан Денот на полицијата- зајакнување на врската со граѓаните
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски додели благодарници на своите соработници со кои, како што рече, заедно направиле исчекор во подобрување на положбата на полициските службеници и враќањето на довербата на граѓаните кон луѓето во сината униформа.

Полицискиот врв и семејствата на загинатите припадници на македонските полициски сили го одбележан 7-ми мај, Денот на македонската полиција. Во кругот на МВР им одадоа почит на загинатите полицајци и положија цвеќе на спомениците подигнати во нивна чест.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски додели благодарници на своите соработници со кои, како што рече, заедно направиле исчекор во подобрување на положбата на полициските службеници и враќањето на довербата на граѓаните кон луѓето во сината униформа.
Спасовски ги прими и претставниците на семејствата на загинатите припадници на македонската полиција.
Под мотото „Полицијата за граѓаните“, МВР во петокот го почна одбележувањето на 7-ми мај, Денот на македонската полиција со тактичко- показна вежба на припадниците од единицата за специјални задачи, во касарната „Ѓорче Петров“.
Во саботата езерската полиција и хеликоптерската единица изведоа вежба со напад на пловен објект за совладување и лишување од слобода на опасни лица во Охрид, а централната манифестација се одржа вчера на градскиот стадион во Штип, каде припадниците на МВР ги презентираа своите можности преку повеќе показни вежби.
