Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Долгот со СДСМ надмина 5 милијарди евра

07.05.2018 13:13

Не се способни да изградат ниту еден километар, а најавуваат 600 километри автопат, велат во оваа партија, како и илјада километри локални патишта.

СДСМ ја потценува интелегенцијата и бега од предизборните ветувања- велат во ВМРО-ДПМНЕ. Не се способни да изградат ниту еден километар, а најавуваат 600 километри автопат, велат во оваа партија, како и илјада километри локални патишта.

Реализирани се само 7,5 насто од планираните капитални инвестиции во 2018-та. За три месеци годинава, земјата е задолжена со 300 милиони евра, а јавниот долг ја надминал границата од 5 милијарди евра- велат во ВМРО-ДПМНЕ.