УХМР: Нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Запурнина во наредните два дена, слично време како и досега, а од четврток се подготвува нова дестабилизација на временската состојба. Денеска е можен и град- велат во УХМР.

Во последниве два дена поројни врнежи и грмежи. Понекаде и одрони на патиштата. Запурнина во наредните два дена, слично време како и досега, а од четврток се подготвува нова дестабилизација на временската состојба. Денеска е можен и град- велат во УХМР.
„Врмето е променливо облачно, наместа ќе биде и нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Локално повторно ќе има услови за појава на невреме, значи ќа има поинтензивни процеси, поинтензивни врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер. Можна е и локална појава на град“, вели Ленче Ризова од УХМР.
Според метеоролозите, температурите ќе се движат од 18 до 26 степени. Инаку, во текот на утрешниот ден и во среда, ќе се задржи променливо облачно време, со тоа што условите за нестабилност ќе бидат помали. Се очекува благ пораст на температурите, додека од четврток условите за поголема нестабилност на времето ќе се зголемат.
