Македонскиот Устав достапен и на Брајова азбука
Овој проект е мотив повеќе, информацијата за највисокиот правен акт во земјава да биде достапна за и на лицата со овој вид попреченост.

Подготвени 50 изданија на Уставот на РМ на брајова азбука за лицата со оштетен вид. Специјално издание на Уставот изработен со Брајова азбука е заеднички проект на Јавното претпријатие „Службен весник“ на Република Македонија и Средното училиште за лица со оштетен вид „Димитар Влахов“.
Овој проект е мотив повеќе, информацијата за највисокиот правен акт во земјава да биде достапна за и на лицата со овој вид попреченост.
Една од идеите и реформите што ја најавивме во МОН беше дека сакаме да го јакнеме граѓанското образование, што значи познавање на своите права во рамки на училиштата и правење на достапност на познавањето на овие права до сите. Особено среќна ме прави овој чин, како професор по уставно право, затоа што со овој чин им се дава можност и на оние студенти кои се со оштететен вид полесно да ги совладуваат наставните птограми кои што постојат, рече министерката за образование, Рената Дескоска.
Директорот на ЈП Службен весник на РМ, Мартин Костовски изјави дека како претпријатие својата улога на посредник помеѓу државата и граѓаните на Република Македонија, во сферата на легислативата, настојува да ја исполни со висок степен на совесност, а секоја информација мора да биде автентична, точна и лесно достапна за сите.
За директорот на Средното училиште, Горанчо Јакимов, ова е важен момент и одличен пример, што треба да го следат и другите институции, за еднаква пристапност кон сето она што не им е достапно на лицата со оштетен вид.
