Мајските оперски вечери во знакот на Пучини
Продолжува доближувањето на оперската и балетската уметност до публиката преку фестивалот „Мајски оперски вечери“. „Го славиме Пучини“- со оваа програма ќе почнат 46-те Мајски оперски вечери што ќе се одржат од 9-ти до 31-ви мај во Скопје.

Мајските оперски вечери кои по 46-ти пат ќе се одржуваат од 9-ти до 31-ви мај годинава ќе бидат во знакот на 160-годишнината од раѓањето на италијанскиот композитор Џакомо Пучини (1858-1924). Покрај премиерата на операта „Боеми“ за отворањето в среда, до крајот на фестивалот ќе бидат изведени уште две популарни опери на овој композитор- „Тоска“ на 12-ти мај и „Турандот“ на 19-ти мај.
Мотото на фестивалот годинава е „Го славиме Пучини“. Покрај трите оперски претстави на програмата ќе има и гала оперски концерт „Пучини и Росини“ (23-ти мај) со кој водено ќе биде одбележан и јубилејот 150 години од смртта на Џоакино Росини.
Операта „Боеми“ која е приказна за љубовниците Родолфо и Мими во Париз, во Македонската опера и балет ќе биде изведена по пауза од 11 години, овојпат во режија на Дејан Прошев, кој рече дека се работи за комплексно оперско дело и е уверен дека со екипата направиле одлична претстава во која публиката ќе ужива.
