Терапијата за ХИВ на товар на Министерството за здравство
Терапијата за ХИВ паѓа на товар на Министерството за здравство. Филипче тврди- има доволно лекови, се преговара и за нови терапии. Глобалниот фонд со порака- Македонија води успешна борба, има решителност за справување со овој проблем. На состанокот на министри на Југоисточна Европа презентирани и мерките за туберкулоза и маларија...

90 милиони денари од државната каса за програми за превенција и третман на ХИВ и Туберкулоза. Министерот Филипче очекува со долгорочна и континуирана имплементација на нацрт- стратегијата да се одржи ниската стапка на двете епидемии.
На состанокот на министри за здравство на Југоисточна Европа презентирани мерките за борба против ХИВ и Туберкулоза. Терапијата за ХИВ ќе падне на товар на Министерството. Филипче тврди дека има доволно лекови, се преговара и за нови терапии.
Од 2003- тата глобалниот фонд ги финансираше програмите за превенција, од годинава оваа обврска ја презема државата. Директорот Сендс со оценка- Македонија е пример како се менаџира овој проблем.
Покрај ХИВ и Туберкулоза, тема на состонокот на министрите и маларијата. Во Македонија нема терапија за превенција. Филипче најави дека се бара компанија која преку интервентен увоз ќе достави мало количество терапија против маларија.
Викторија Милевска
