Комисијата за транспорт и врски почна со разгледување на амандманите за Законот за медиуми
Комисијата за транспорт и врски почна со разгледување на амандманите за медиуми. Пратениците од власта и опозицијата расправаа дали во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, членовите на Советот да земаат максимално до четири просечни плати за нивната работа, или како што предлага ВМРО-ДПМНЕ од две...

Повеќе од два часа за еден амандман во Комисијата за транспорт и врски. Дали во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, членовите на Советот да земаат максимално до четири просечни плати за нивната работа, или како што предлага ВМРО-ДПМНЕ од две. Министерот за информатичко општество не сака да го прифати амандманот бидејќи според тоа што се предлага надоместокот може да биде и повисок.
Пратениците од власта објаснуваат дека членовите во Агенцијата за медиуми мора да се професионалци и експерти во областа. Сметаат дека ако им се даде помалку, нема да се постигне целта за независно новинароство и квалитетна програма кон граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 60 амандманиза Законот за аудио и аузодиуовузуелни медиумски услуги.
Миле Ристески
