Македонскиот Устав достапен и на Брајова азбука
Подготвени 50 изданија на Уставот на РМ на Брајова азбука за лицата со оштетен вид. Проектот е мотив повеќе, информацијата за највисокиот правен акт во земјава да биде достапна за и на лицата со овој вид попреченост...

За лицата со оштетен вид подготвено е специјално издание на македонскиот Устав изработен со Брајова азбука. За директорот на Средното училиште за децата со оштетебн вид, ова е важен момент и одличен пример, што треба да го следат и другите институции, пред сѐ поради еднаквата пристапност.
Министерката за образование Дескоска оцени- достапноста на темелниот правен акт во земјата за сите е одличен проект. Една од идеите и реформите што ја најавивме во МОН беше дека сакаме да го јакнеме граѓанското образование, рече Дескоска.
Македонскиот Устав со Брајова азбука е издаден во 50 примероци и ќе го користат повеќе институции меѓу кои Правниот факултет „Јустинијан Први“, некои средни училишта, Законодавно- правната комисија и Парламентарниот институт при македонското Собрание.
Игор Панов
