Метео: Променливо облачно, услови за локална нестабилност
07.05.2018 16:29
Макисималната температура ќе достигне до 26 степени.

Променливото облачно време во Македонија продолжува и во текот на утрешниот ден. Попладне се очекуваат повремени врнежи од дожд со услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд и појава на грмежи.
Макисималната температура ќе достигне до 26 степени. Утре и во среда процесите ќе бидат поретки, а од четврток повторно се можни поинтензивни услови за поизразена дестабилизација на временската состојба.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
