Обвинение за 12 лица за случајот со Тамара Димовска
Мислењето дека не се исцрпени можностите за лекување во земјава тие го донеле по истекот на законскиот рок и спротивно на мислењето на Стручниот конзилиум.

Дванаесет лица се под обвинение за несовесно работење во службата. Станува збор за случајот со лекувањето на Тамара Димовска, соопшти Јавното обвинителство. Меѓу нив се двајцата поранешни директори на Фондот за здравствено осигурување, како и членови на првостепената и второстепената комисија кои донеле, односно потврдиле негативно решение за лекување на девојчето во странство.
Мислењето дека не се исцрпени можностите за лекување во земјава тие го донеле по истекот на законскиот рок и спротивно на мислењето на Стручниот конзилиум. Ја зеле изјавата на тогашниот министер за здравство кој најавил дека пациентите со деформитет на ’рбетот во иднина нема да се лекуваат во странство, туку ќе се лекуваат во новоформиран Спинален центар во Скопје.
