Тевдовски: Мерката за поддршка на растот на фирмите ќе ја придвижи економијата

07.05.2018 16:48

Најави дека во буџетот има над 360 милиони денари предвидени за раст на платите во трудоинтензивните дејности. Очекува да се зголеми и продуктивноста.

Мерката за поддршка на растот на фирмите ќе ја придвижи економијата, вели министерот Тевдовски. Најави дека во буџетот има над 360 милиони денари предвидени за раст на платите во трудоинтензивните дејности. Очекува да се зголеми и продуктивноста.

„Зборуваме за поддршка за раст на платите во трудоинтензивните сектори, за работниците во овие сектори кои ќе добијат зголемување на платите во однос на последниот квартал 2017-та година, државата ќе покрие 30 проценти од растот на бруто платата. Мерката ќе важи за работниците кои што имале плати во нето до 18.000 денари, како просек во последниот квартал на 2017 година. Во буџетот веќе се предвидени околу 360 милиони денари, за да може годинава фирмите да добиваат поддршка. Поддршката ќе се добива по исплатена плата на работниците“, рече министерот Тевдовски.

Со воведувањето на оваа мерка, ќе се зголеми продуктивноста. Министерот очекува и мерки за компаниите за вложување во нова опрема и машини.