САД

Конечна одлука за договорот со Иран

08.05.2018 10:20

Поради намерата да се откаже од договорот, Трамп е под жесток притисок од европските сојузници...

Наместо на 12-ти мај, американскиот претседател Доналд Трамп во наредните 24 часа ќе објави дали Соединетите Американски Држави остануваат во нуклеарната спогодба со Иран.

Документот од 2015-та година, потпишан од официјален Техеран и шесте големи сили САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија ги олесни економските санкции за Иран од кого се бараше да се ограничи програмата на збогатување ураниум. Поради намерата да се откаже од договорот, Трамп е под жесток притисок од европските сојузници.

Според британскиот шеф на дипломатијата Борис Џонсон, којшто беше во посета на Вашингтон, американскиот претседател ја заслужува Нобеловата награда за мир доколку успее да ги реши корејското и иранското прашање.