Евросонг- Лисабон 2018

„Ај Кју“ ќе настапи во првото полуфинале на Изборот за песна на Евровизија

08.05.2018 10:22

„Aј Кју“ со песната „Lost and found“ вечер во арената „Алтис“ во Лисабон под реден број 11 ја претстави Република Македонија на првата полуфинална вечер на 63. Избор на песна на Евровизија...

„Ај Кју“ со песната „Изгубено и најдено“ во арената „Алтис“ во Лисабон ќе ја претстави Република Македонија на првата полуфинална вечер на 63-от по ред Евросонг. Ќе се натпреварува за влез во финалето со изведувачи од уште 18 земји.

Автор на музиката и текстот е Бојан Трајковски, гитарист, композитор и вокал во „Ај Кју“, каде членува заедно со пејачката Марија Ивановска и тапанарот Иво Митковски. Автор на аранжманот на нивната композиција е продуцентот Дарко Димитров.

На првата полуфинална вечер ќе бидат избрани претставници од десет земји, кои заедно со уште десет од втората полуфинална вечер, ќе влезат во големото финале што ќе се одржи в сабота. За победник на Изборот на песна на Евровизија, ќе се натпреваруваат 26 земји.

Победата на Португалија, лани од Киев и ја донесе пејачот Салвадор Собрал, со баладата „Љубов за двајца“.

Македонската радио- телевизија директно ќе ги пренесува двете полуфинални вечери и финалето.