Продолжува судењето за случајот „Тенк“
08.05.2018 11:21
На претходното рочиште, сведочеше Дејан Митровски, поранешен шеф на обезбедувањето на Груевски.

Со сослушување сведоци, во скопска единица продолжи судењето во случајот „Тенк“, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и екс- помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.
Пред две рочишта судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради „ризична бременост“. На претходното рочиште, сведочеше Дејан Митровски, поранешен шеф на обезбедувањето на Груевски.
Во исказот рече дека мерцедесот во кој се возел поранешниот премиер често се расипувал и дека било потребно да се набави нов блиндиран заради поголема лична безбедност на функционерите.
