АНКАРА
Ердоган одбива дебата со опозицискиот кандидат за претседател
08.05.2018 11:23
Ердоган смета дека противникот би добил политички поени со медиумски дуел, но го повика на средба во партиското седиште.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја одби поканата на претседателскиот кандидат на опозицијата за телевизиска дебата пред одржувањето на предвремените избори закажани за 24 јуни.
Ердоган смета дека противникот би добил политички поени со медиумски дуел, но го повика на средба во партиското седиште. Кандидатот за претседател од Републиканската народна партија, Мухарем Инџе тврди дека телевизиските дебати се одлика на развиените држави.
