ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев стана поим за непотизам, партизација и нечесно работење

08.05.2018 12:27

Според опозициската партија, работењето на СЈО како партиска испостава на СДСМ и монтираните обвиненија против политичките неистомисленици, се наградува со високи функции на семејствата на обвинителите.

Криминалниот картел на власт предводен од Зоран Заев стана поим за непотизам, партизација и нечесно работење. СДСМ ја киднапира Република Македонија и со неа се однесува како да е приватна фирма на Заеви, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, работењето на СЈО како партиска испостава на СДСМ и монтираните обвиненија против политичките неистомисленици, се наградува со високи функции на семејствата на обвинителите.

Со ваквата кадровска политика, Заев и Јанева ја ставаат под знак прашалник и независноста на работењето на Комисијата од хартии за вредност, стои во дописот.

Никаде ги нема независноста и професионализацијата на институциите кои им ги ветуваа на граѓаните. Наместо тоа државните институции станаа места за згрижување на луѓе блиски до картелот на власт, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.