Акциски план за отворено владино партнерство со граѓанскиот сектор

08.05.2018 12:50

Заложбата за транспарентност и отчетност, како и вклучувањето на граѓанскиот сектор, се меѓу врвните владини приоритети. Министерот за информатичко општество и администрација Манчевски вети заедно со граѓаните, креирање акциски план за отворено владино партнерство.

Довербата меѓу владите, невладините организации и граѓаните е од клучно значење за јакнење на демократијата во едно општество. Заложбата за транспарентност и отчетност, како и вклучувањето на граѓанскиот сектор, се меѓу врвните владини приоритети. Министерот за информатичко општество и администрација Манчевски вети заедно со граѓаните, креирање акциски план за отворено владино партнерство.

Ваквото поврзување е основа за процесот на пристапување кон Европската унија- став на дел од амбасадорите во Македонија.

Ова поврзување на луѓето е основа за процесот на пристапување кон Европската унија. Не е случајно што граѓанскиот сектор се слуша, бидејќи процесот на пристапување не е само преговори помеѓу владата и ЕК, се работи за процес каде граѓаните придонесуваат и се воведуваат во нов период, во нова ера- вели Раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европска унија, Никола Бертолини