ЗНМ: Дискредитирањето на онлајн-медиумите е обид за нивно лиценцирање
ЗНМ очекува Врховниот суд да постапи по барањето за усогласување на судската практика. Ќе поднесе преставка до Судскиот совет и ќе ја запознае меѓународната заедница, вели Селмани.

Скопскиот граѓански и Апелациски суд продолжуваат да ги одбиваат тужбите за клевета и навреда против онлајн медиумите- велат од Здружението на новинарите на Македонија. Крајно несериозно и тенденциозно е објаснувањето дека тие не биле медиуми, а луѓето што работат таму не се новинари- вели Селмани.
ЗНМ очекува Врховниот суд да постапи по барањето за усогласување на судската практика. Ќе поднесе преставка до Судскиот совет и ќе ја запознае меѓународната заедница, вели Селмани.
Од ЗНМ се сомневаат дека ваквата судска пракса на Граѓанскиот суд и на Апелацискиот суд во Скопје има политичка заднина која треба да ги дискредитира онлајн-медиумите и, како што рече, да обезбеди лажно алиби на владата за да воведе нивна построга регулација, спротивно на европските стандарди за слобода на интернет.
Предупредуваме дека обидите на одредени партиски кругови, кои бараат наводна законска регистрација на овие медиуми, е опасна политичка игра, чија цел е државата да ја контролира нивната медиумска содржина, рече првиот човек на ЗНМ, Селмани.
