Багдад

Лидерот на Исламска држава веројатно се крие во Сирија

08.05.2018 13:59

Според портпаролот на ирачкото Министерство за одбрана, Ал-Багдади се крие во долината на Еуфрат во источна Сирија.

Лидерот на Исламска држава, Абу Бакр Ал-Багдади, е жив и веројатно се крие во Сирија на границата со Ирак, изјави Абу Али Ал-Басри, директор на Управата за разузнавање и борба со трговијата со дрога на Министерството за внатрешни работи на Ирак.

Според портпаролот на ирачкото Министерство за одбрана, Ал-Багдади се крие во долината на Еуфрат во источна Сирија.

Исламска држава ја презеде одговорноста за убиството на кандидат на парламентарните избори во Ирак, а властите тврдат дека убиецот е син на жртвата.