Спасовски: Нема пречки за ангажирање на Шаќири за надворешен советник во кабинетот на премиерот
Првиот човек на МВР, не гледа проблем во ангажирањето на Шаќири во кабинетот на премиерот. Од 2002-ра наваму, многу контрoверзни личности ја воделе државата- вели Спасовски. Да му се одземе безбедносниот сертификат на Шаќири, бидејќи е на црната листа на САД, побараа од ВМРО-ДПМНЕ...

Министерот за внатрешни спасовски не гледа ништо контраверзно во ангажирањето на Џезаир Шаќири како надворешник советник за безбедност на премиерот Заев. Тврди дека многу контраверзни имиња ја воделе Македонија и од 2002-ра учествуваат во политичкиот живот.
Спасовски не кажа кои од сензитивните безбедносни документи ќе му бидат достапни на Шаќири, и за таква информација упати на Владата.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара од премиерот Заев да го раскине ангажманот на Шаќири, а надлежните органи да отворат истрага за неговите активности во Танушевци. Од партијата велат дека лице чие што име се поврзува со убиство на полициски службеник не смее да има допир со државни тајни, како и дека е недозволиво човекот кој е на црна листа на САД и е баран со меѓународна потерница да има допир со информации од витален карактер за безбедноста.
Премиерот Заев за ангажманот на Шаќири изјави дека нема предрасуди и може да помогне во откривањето екстремистички или радикални групи, какои тоа дека чесно ќе си го заработува лебот бидејќи издржува многудетно семејство.
Викторија Милевска
