Штрајк во Хрватска

25.02.2014 16:24

Во Хрватаска напладне се застана, возовите трамваите, автобусите, се слушаа сирени а празни беа и училниците.

Се одржа двочасовен предупредувачки штрајк во знак на солидарност со луѓето кои работат а не примаат плата, а такви во државата ги има 70 илјади. Лидерите на петте синдикални централи оценија дека штрајкот успеал. Крешимир Север претседател на Независните хрватски синдикати истакна дека денешниот штрајк е ,,доволна порака дека сме заедно, а следната ќе биде уште посилна“.

,,Граѓаните мора да се разбудат и да сфатат дека власта мора да почне да се плаши од граѓаните, а не обратно“, наведе претседателот на Матицата на хрватските синдикати Вилим Рибиќ.

Соња Стојановска