Метео: Продолжува периодот на променливо облачно време

08.05.2018 15:16

Максималната температура се очекува да достигне до 27 степени. Во наредните денови и натаму се очекуваат врнежи.

Во Македонија продолжува периодот на променливо облачно време. Утре во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со локален дожд и грмежи особено во јужните делови од земјата.

Максималната температура се очекува да достигне до 27 степени. Во наредните денови и натаму се очекуваат врнежи.

Во петок и сабота процесите ќе бидат послаби, а температурите на воздухот нема да бележат позначајна промена.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска