Заштитата на човековите права посилно да се спроведува во пракса
Напредок има, но подобрувања се потребни во секој сегмент на човековите права и слободи и во судството- заклучок од јавната расправа за извештајот на Европската комисија. Законската регулатива се подобрува, но е потребно заштитата на човековите права посилно да се спроведе во практиката...

Напредок има, но подобрувања се потребни во секој сегмент на човековите права и слободи во земјава. Заклучок од јавната расправа во Собранието по извештајот на Европската комисија.
Заштита на правата на затворениците, децата, малцинствата, пациентите се дел од темите на кои дискутираа пратениците и невладиниот сектор.
Невладиниот сектор се осврна дека темелно подобрување е неопходно во судскиот систем, заштита на правата на мигрантите и на маргинализираните групи.
Законската регулатива е задоволителна, се подобрува, но потребно е заштитата на човековите права посилно да се спроведува во пракса- истакнаа говорниците во дебатата.
Миле Ристески
