Одбележан Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина
Под мотото „Секаде за секого“, на Плоштад Македонија одбележан Меѓународниот ден на Црвениот крст и полумесечина. Со цел поддршка и промоција на еднаквите можности и подигнување на јавната свест за лицата со посебни потреби, се одржа и параолимписката игра „Бочија“.

Под мотото „Секаде за секого“ на плоштадот „Македонија“ одбележан Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Користиме едноставен повик за акција за да го споделиме еден од најпознатите универзални симболи- насмевката, велат волонтерите. Тоа за нас значи добро завршена работа. Помагаме таму каде што е потребно.
Сакаме да ја искористиме моќта на симболот за да ја прославиме посветеноста и влијанието на организацијата. Проширување на знаењата за мисијата и придонесот на Црвениот крст- цел за годинава.
Со цел поддршка и промоција на еднаквите можности и подигнување на јавната свест за лицата со посебни потреби, на плоштад „Македонија“ се одржа и параолимписката игра „Бочија“.
Марина Стојанова- Тонева
