Прилеп

Чествување на 9-ти мај, Денот на победата над фашизмот

08.05.2018 16:10

Прилеп заедно со Амбасадата на Руската Федерација во Македонија денеска на Могилата на непобедените каде се моштите на 650 загинати борци во НОБ и револуцијата, го чествуваа 9-ти мај, Денот на победата над фашизмот. Македонските и руските борци се бореа рамо до рамо за да се искорени злото на човештвото- фашизмот, а пораката е никогаш да не се повтори.

Деветти мај, Денот на победата над фашизмот е еден од најважните денови за целото човештво. Обезбедени се мирот, слободата, човечките права. Во таа страшна војна народите на Македонија и на Русија се бореа рамо до рамо. Русија даде над 30 милиони, а Македонија покрај жртвите, по војната ја доби својата државност, беше истакнато на денешното комеморативно чествување за Денот на победата над фашизмот на могилата на непобедените во Прилеп, каде се моштите на 650 борци кои загинаа во НОБ и Револуцијата.

Прилепските борци и поддржувачи со традиционално потсетување на најголемата придобивка - ореолот на слободата.

Со поклон и свежи звеќиња им беше оддадена почит на загинатите борци на Могилата на непобедените.

 

Елизабета Митреска