ЕРЕВАН
Пашињан избран за премиер на Ерменија
08.05.2018 16:30
Претходно сите политички партии во ерменскиот Парламент, вклучувајќи ја и владејечката Републиканска партија која претходно одбиваше да го поддржи, рекоа дека ќе гласаат за Пашињан.

Опозицискиот лидер Никол Пашињан е избран за премиер на Ерменија, функција за која беше и единствен кандидат. Пашињан е избран на седница на Парламентот, по тринеделни протести.
Претходно сите политички партии во ерменскиот Парламент, вклучувајќи ја и владејечката Републиканска партија која претходно одбиваше да го поддржи, рекоа дека ќе гласаат за Пашињан.
Пашињан пред пет дена вторпат беше номиниран за премиер на Ерменија.
