Продолжува судскиот процес за случајот „Тенк“
Поранешниот премиер во тој контекст изјави дека е непотребно да даде одбрана, затоа што како што рече, во судската постапка, по сите изнесени докази не се докажало дека е виновен.

Во Кривичниот суд продолжи судскиот процес „Тенк“ за набавката на луксузниот владин мерцедес. Одбраната го повлече барањето да бидат сослушани обвинетите Ѓоко Поповски и Никола Груевски.
Поранешниот премиер во тој контекст изјави дека е непотребно да даде одбрана, затоа што како што рече, во судската постапка, по сите изнесени докази не се докажало дека е виновен.
Претходно, специјалната обвинителка Катица Јанева го одби како незаконито и недозволено барањето за изземање на двајцата обвинители коешто го побара одбраната.
Предметот на СЈО „Тенк“ продолжува на 14-ти мај со изнесување на завршни зборови на инволвираните во овој судски процес.
