Со низа активности се одбележува Денот на Европа
Секретаријатот за европски прашања организира традиционален „Појадок со ЕУ“, на кој учествуваат амбасадорите на земјите членки на Унијата и поранешните вицепремиери за европски прашања...

По повод 9-ти мај, Денот на Европа, низ градовите во државава низа активности. Секретаријатот за европски прашања организира традиционален „Појадок со ЕУ“, на кој учествуваат амбасадорите на земјите членки на Унијата и поранешните вицепремиери за европски прашања, на кои ќе им се обратат вицепремиерот Бујар Османи и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.
На прославата на Денот на Европа ќе бидат вклучени и студентите со дебати за европската иднина на Македонија.
На овој датум се одбележува годишнината од историската декларација на Шуман, кој е творец на новата форма на политичка соработка во Европа.
