На рочиштето за „Поткуп“ се гледаше снимката објавена на „Јутјуб“

09.05.2018 10:41

Следното рочиште е закажано на 15-ти мај кога ќе бидат дадени завршните зборови.

На рочиште отворено за јавноста денеска во Кривичниот суд се гледаше скратената снимка, објавена на „Јутјуб“, за предметот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев.

Со ова заврши доказната постапка во случајот. Следното рочиште е закажано на 15-ти мај кога ќе бидат дадени завршните зборови.

На завчерашното рочиште во својот исказ, премиерот посочи дека пуштеното видео во судницата не е идентично со она чии делови беа објавени. Според него, недостигале делови, со цел содржината да биде извлечена од контекст.

Заев пред новинарите рече дека жали што јавноста немала можност да ја види целосната снимка и нагласи дека очекува ослободителна пресуда.