Половина милион Турци на социјалните мрежи на Ердоган му порачаа „Доста!“

09.05.2018 10:52

Ако еден ден нашата нација каже „Доста“, ние ќе отстапиме, кажа Ердоган во говор во Парламентот. Тој со Турција управува 15 години, а неговата власт е обележана со силен економски раст, но и пресметки со противниците...

На изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе се повлече доколку Турција каже „Доста“, вчера повеќе од половина милион Турци му одговори со твитови во кои пишува „Тамам“ односно „Доста“ на турски.

Ако еден ден нашата нација каже „Доста“, ние ќе отстапиме, кажа Ердоган во говор во Парламентот. Тој со Турција управува 15 години, а неговата власт е обележана со силен економски раст, но и пресметки со противниците.

Минатиот месец тој објави дека предвремените избори ќе се одржат на 24-ти јуни, една година порано од редовните.