Израел гаѓал позиции на сириската армија во близина на Дамаск

09.05.2018 11:17

Според истите извори, нападот бил извршен во село јужно од Дамаск, каде што се наоѓаат неколку сириски воени бази.

Израел синоќа гаѓал позиции на сириската армија во близина на Дамаск, но сириската противвоздушна одбрана пресретнала и уништила две ракети, јавија сириските државни медиуми.

Според истите извори, нападот бил извршен во село јужно од Дамаск, каде што се наоѓаат неколку сириски воени бази.

Извори во сириската армија соопштија дека цел на нападите биле армиски позиции, но дека при тоа загинале двајца цивили.