Јордан

Тевдовски: ЕБОР сака да инвестира во гасоводна мрежа во општините

10.05.2018 10:34

Министерот за финансии разговарал со претстаници на банката, заинтересирана за финансирање два нови енергетски проекта во земјава. Изградба на секундарна гасификациска мрежа во повеќе општини, како и поврзување на Македонија со Грција преку магистрален гасовод, за што е заинтересирана и Европската инвестициска банка.

На годишните средби на Европската банка за обнова и развој што се одржува во Јордан, министерот за финансии Драган Тевдовски разговарал со претстаници на банката, заинтересирана за финансирање два нови енергетски проекта во земјава. Изградба на секундарна гасификациска мрежа во повеќе општини, како и поврзување на Македонија со Грција преку магистрален гасовод, за што е заинтересирана и Европската инвестициска банка.

„Зборувавме и имаме начелна согласност за учество на ЕБОР во два значајни проекти. Првиот е за изградба на секундарна гасификациона мрежа во повеќе општини во различни региони. Големината на проектот е проценета на околу 50 милиони евра. Покрај кредитна линија за овој проект побаравме и грант средства кои треба да обезбедат и изработка на техничка документација на проектот“, рече министерот за финансии.

Тевдовски посочи дека вториот проект од областа на гасификацијата за кој се дискутирало на средбите е интерконекција со гасовод на Македонија и Грција.

„Тоа е важен проект. Веќе имаме добиено писмо за интерес од страна на Европската инвестициска банка за финансирање на проектот, а има интерес и од грчката страна за негова реализација“, истака Тевдовски.

Во рамки на Годишните средби на ЕБОР, министерот Тевдовски учествуваше на Тркалезната маса на Бордот на гувернери. Тевдовски оствари и повеќе билатерални средби. Фокусот на дискусијата е реализација на тековните, но и договарање идни проекти.