СИРИЈА
Израел нападна ирански воени цели во Сирија
10.05.2018 10:38
Погодени се објекти на Ал Кудс, штабови, воени и логистички комплекси на иранската специјална единица, воен камп, магацини на меѓународниот аеродром во Дамаск...

Израелската армија уништи десетици ирански воени цели во Сирија, како одговор на ракетирањето врз Голанска Висорамнина.
Погодени се објекти на Ал Кудс, штабови, воени и логистички комплекси на иранската специјална единица, воен камп, магацини на меѓународниот аеродром во Дамаск, набљудувачки пунктови, како и локациите од каде биле истрелани ракетите врз Израел.
