Иран подготви план по повлекувањето на САД од Договорот за нуклеарна програма
Во знак на револт, законодавците го запалија американското знаме, предупредувајќи на пропроционален одговор од владата од која бараат да ги обезбеди потребните гаранции од останатите потписнички на Договорот.

Иран подготви план како да се справи по повлекувањето на САД од Договорот за нуклеарната програма. Во знак на револт, законодавците го запалија американското знаме, предупредувајќи на пропроционален одговор од владата од која бараат да ги обезбеди потребните гаранции од останатите потписнички на Договорот.
Обвинија дека одлуката на американскиот претседател Трамп ја намали довербата во САД од страна на меѓународната заедница.
Во меѓувреме, американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис изјави дека ќе продолжи да соработката со сојузниците, за да гарантираат дека Техеран нема да се стекне со нуклеарно оружје.
