Страв од сепаратизам во Украина

25.02.2014 19:45

Преодниот претседател Алексанер Турчинов побара казни за секој сепаратистички чин...

Знаците на сепаратизам на доминантно рускиот Кримски полуостров предизвикуваат загриженост кај преодното украинско раководство. Новите лидери се соочуваат со протести во Севастопол, каде што е стационирана руската Црноморска флота. Преодниот претседател Алексанер Турчинов побара казни за секој сепаратистички чин.
 
Москва ја осуди, како што ја нарече, „варварската русофобија“, но рече дека нема да се меша.
 
„Не можеме да направиме ништо што ќе провоцира вооружен одговор и крвопролевање, особено против нашите сонародници“, вели Леонид Слуцки, шеф на Комитетот за надворешни работи на руската Дума.
 
Во Киев, парламентот го одложи именувањето на нов премиер и преодната влада за в четврток. Веќе почна кампањата за претседателските избори, на кои се кандидираат Кличко и Тимошенко, за која граѓани бараат лустрација.
 
Радата побара побегнатиот Виктор Јанукович да биде суден во Хаг.