ВАШИНГТОН
Бела куќа: САД ќе воведат „огромни санкции“ кон Иран
10.05.2018 12:28
Трамп се подготвува за воведување нови санкции кон Иран со цел земјата да не развие нуклеарно оружје.

Белата куќа сооопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува за воведување нови санкции кон Иран со цел земјата да не развие нуклеарно оружје.
Портпаролката Сара Сандерс на прес-конференција изјави дека САД се стопроцентно посветени на напорите Иран да не се снабди со нуклеарно оружје и ќе продолжат да вршат „максимален притисок“.
