УНИЦЕФ

Големи предизвици со насилството врз децата во Западен Балкан

10.05.2018 12:51

Поразителни се статистиките на МВР. Лани се регистрирани 976 жртви на семејно насилство, од кои 90 биле деца, рече првиот полицаец Спасовски.

Проблемот со насилството врз децата е глобален, но поголеми се предизвиците во земјите од Западен Балкан. Според податоците на УНИЦЕФ, едно од три деца физички се малтретира.

„Забележавме дека децата кај кои имало највисок степен на насилство стануваат предвреме возрасни од децата кои што растеле во семејства што се грижеле за нив и им давале поддршка. Ова не е само нефер и брутално за детето, и не е само прекршување на човековите права, туку има и огромен економски трошок. Економистите проценуваат дека тоа нѐ чини 8 проценти од глобалниот БДП“- изјави Бенцамин Перкс, претставник од УНИЦЕФ во Македонија.

Поразителни се и статистиките на МВР. Лани се регистрирани 976 жртви на семејно насилство, од кои 90 биле деца, рече првиот полицаец Спасовски.

Образовниот систем, односно училиштата според министерката за образование и наука Рената Дескоска претставуваат исклучително важен дел во процесот на препознавање и пријавување на случаите на насилство, злоупотреба и занемарување на деца.

МОН во соработка со УНИЦЕФ изминатиов период работеше на практичен прирачник за превенција и интервенција на насилство во училиштата во финална фаза се последните интервенции. Овој прирачник верувам дека ќе ја одреди и олесни улогата на училиштето во постапките за препознавање и пријавување на случаите на насилство, злоупотреба и занемарување на децата, истакна Дескоска.