До крајот на јуни- трајно решение за проблемот со брашното

10.05.2018 14:29

Се бара трајно решение на увозот на српско брашно во земјава, а паралелно работиме на поединечни договори со властите во Белград, ова го изјави ресорниот министер Николовски на тркалезната маса на која беше најавен и оглас за закуп на земјоделско земјиште за органско производство.

До крајот на јуни Министерството за земјоделство очекува да се изнајде трајно решение за маркичките за брашно. Според ресорниот министер Николовски, тие непотребно ги оптоваруваат увозниците и домашните производители. За најавите на мелничарите дека нема да откупуваат пченица, Николовски дециден дека продолжуваат средбите.

Министерството за првпат ќе објави огласи за доделување државно земјоделско земјиште за органско производство за 11.000 хектари и за производство на органска сточна храна. 70 милиони денари неповратни пари ќе бидат наменети за поддршка за млади фармери. Производителите на органска храна велат дека расте побарувачката.

Во наредниот период ќе бидат мапирани органските региони, меѓу првите е Мариово. Новиот национален план за органско производство треба да стартува од 2020-та година.

 

Дијана Ценевска