Потпишан Договор за унапредување на здравјето и намалување на смртноста на мајките и новороденчињата

10.05.2018 14:49

Применување на стандардите за гинекологија и акушерство во одредени болници- ова се само дел од мерките кои треба да се спроведат за намалување на смртноста кај новороденчињата и мајките.

Обуки на лекари во родилиштата кои покриваат најголем процент од породувањата во земјава. Применување  на стандардите за гинекологија и акушерство во одредени болници- ова се само дел од мерките кои треба да се спроведат за намалување на смртноста кај новороденчињата и мајките.

Потпишан е договор со надлежната агенција на Светската организација. Обезбедени пет милиони денари. Половина од нив обезбедува Владата, додека другата половина УНФПА.

Министерот Филипче по потпишувањето рече дека овој договор предвидува до крајот на годината да се реализираат повеќе активности, како спроведување обуки во двете родилишта кои покриваат најголем процент од породувањата во државата, примена на практики согласно последните стандарди на СЗО за грижа на мајките и на новороденчињата, обука од искусни консултанти на СЗО во текот на примената на практиките за унапредување на здравјето на мајките и бебињата, финализирање и имплементација на стандардите за гинекологија и акушерство во одредени болници.

Договорот е усогласен со Програмата на УНФПА за Македонија за периодот 2016-2020, како и со едно од приоритетните национални прашања.