Ослободените Американци од Северна Кореја пристигнаа во САД

10.05.2018 15:02

Боингот Ц-40 слета во базата во 2:42 часот по локално време. Американците беа ослободени за време на посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Северна Кореја.

Воениот авион со тројцата Американци кои ги ослободи Северна Кореја слета во воената база во близина на Вашингтон, каде ги пречека американскиот претседател Доналд Трамп.

Боингот Ц-40 слета во базата во 2:42 часот по локално време. Американците беа ослободени за време на посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Северна Кореја.

Ослободувањето се смета за чекор на Пјонгјанг со кој покажува дека е подготвен да ги подобри односите со Вашингтон пред самитот Северна Кореја - САД.