Работилница

Унапредување на судско- медиумските односи

10.05.2018 15:20

Како да се унапредат судско- медиумските односи е целта на двоедневниот собир во Охрид, поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Учесниците треба да ги утврдат клучните бариери и да дадат соодветни препораки кои ќе придонесат за потранспарентно информирање за се она што случува во судството или во некои предмети, без при тоа да се нарушува приватноста.

Анкетите покажуваат дека судовите и медиумите во Република Македонија имаат ниска доверба кај граѓаните. Причина повеќе судството да биде отчетно и транспарентно, а новинарите професионални и непристрасни, бидеќи во спротивно ќе го изгубат своето место во општеството. Поради тоа отвореното, јавно и успешно судење има огромно значење за зајакнување на легитимноста на целиот систем.

„Некорумпираното судство во практиката има ефект. Јавноста не само да гледа со своите очи како се спроведува правда, туку и да верува во идејата за правда. Се разбира правото на јавно судење не е апсолутно во случаи кога јавноста би ги поткопала правата на обвинетиот“, вели Дејвид СтивенсонАмбасада на САД во Р. Македонија.

Главната дилема на расправата помеѓу судиите и новинарите е опсегот на информирањето, бидеќи не смее да се дозволи транспарентноста да ја наруши приватноста.

Меѓутоа од друга страна го имаме и другото прашање, а тоа е балансот кон приватноста. Дали поширокиот јавен интерес е од поголемо значење за сметка на заштитата на приватниот интерес, особено во предметите кои што во овој момент се водат од СЈО и постапките на Одделот за организиран криминал во Основниот судСкопје“, изјави Лазар Наневсудија во Основен суд Кавадарци.

На собирот беше речено дека законите во Република Македонија се добри, но дека главната бариера во нивното спроведување е човечкиот фактор. Токму поради тоа ќе биде подобро судовите да бидат отворени кон јавноста што ќе придонесе да се отстранат одредени сомнежи.

 

Сашо Нелоски