Mерки и активности за воведување 5G технологија

10.05.2018 15:45

Придобивки ќе има во скоро сите сектори, а особено во транспортот, енергетиката, индустријата, здравството, медиумите, забавната индустрија.

До 2025-та сите урбани населби, патни и железнички коридори во ЕУ ќе имаат непрекината 5G покриеност, што Македонија како земја аспирант треба да го следи и затоа се прават сите подготовки за непречено градење на потребната инфраструктура.

Придобивки ќе има во скоро сите сектори, а особено во транспортот, енергетиката, индустријата, здравството, медиумите, забавната индустрија.

Според министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, важно за воведување на 5Г е предвремено создавање услови за точно утврдување на инфраструктурната мрежа.

Во таа насока, како што рече Сугарески, се изготвува нацрт закон за просторно и урбанистичко планирање, закон кој точно ќе ги утврди постапките за изработка на урбанистичките планови за подрачја и објекти од државно значење.

Од аспект на инфраструктурата ова е прв чекор во олеснување на постапките и процедурите за воведување 5Г технологијата, рече Сугарески и додаде дека важни се и измените на Законот за градење.