Сирија

Иран нападна израелски воени цели, Израел возврати

10.05.2018 15:55

Иранските сили во Сирија истрелаа повеќе ракети врз израелската армија на Голанската Висорамнина. Израел ги вклучи сирените за воздушен напад. Сириските сили за одбрана пресретнале и собориле околу 20 ирански проектили.

Иранските сили во Сирија истрелаа повеќе ракети врз израелската армија на Голанската Висорамнина. Израел ги вклучи сирените за воздушен напад. Медиумите пренесоа дека сириските сили за одбрана пресретнале и собориле околу 20 ирански проектили.

„Со голема подготвеност и вештина нашите одбранбени системи ги пресретнаа и уништија поголемиот дел од израелските ракети кои беа насочени кон нашите воени позиции. Ја повторуваме подготвеноста ригорозно да се соочиме со секоја агресија“, изјави Али Махоуб, сириски генерал на бригада.

Веднаш потоа Израел изведе контранапад врз иранските позиции во Сирија, во кој според портпаролот на израелската војска биле убиени најмалку три лица, а ранети две. Погодени се објекти, штабови, воени и логистички комплекси на иранската специјална единица, воен камп, магацини на меѓународниот аеродром во дамаск, набљудувачки пунктови, како и локациите од каде биле истрелани ракетите врз Израел.

Израелскиот министер за одбрана Либерман се надева дека последниот круг насилство со Иран на сириската граница е завршен.

„Треба да биде јасно дека за разлика од Иран, ние не се обидуваме да се прошириме, не се обидуваме да изградиме нова граница. Оној кој постојано се шири и создава нови фронтови е Иран. Гледаме дека е активен во Ирак, во Либан, во Јемен и во Африка. Иран е можеби единствената земја што го претставува екстремизмот преку подготвеноста да ги жртвува своите граѓани и својата иднина заради таа радикална идеологија“, рече Авигдор Либерман, министер за одбрана на Израел.

Израел со децении го смета Иран за најголема закана и постојано изведува напади врз нивните бази во Сирија. Иран не го признава постоењето на Израел. Ситуацијата доби нова димензија по одлуката на американскиот претседател Трамп да се повлече од иранскиот нуклеарен договор, одлука која предизвика остри реакции во ЕУ.

Марина Ристова