СИНГАПУР

Средба Трамп- Јонг Ун на 12-ти јуни

11.05.2018 10:36

„И двајцата ќе се обидеме таа средба да ја направиме специјален момент за мирот во светот“, напиша Трамп на Твитер.

Американскиот претседател Трамп објави дека на 12-ти јуни во Сингапур ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. „И двајцата ќе се обидеме таа средба да ја направиме специјален момент за мирот во светот“, напиша Трамп на Твитер.

Односите меѓу САД и Северна Кореја неодамна беа на раб на војна, откако Пјонгјанг се закани дека ќе го нападне Гуам, каде има бројни американски воени сили.

Неодамна беше одржана историска средба на лидерите на Северна и Јужна Кореја на која беше договорен официјален крај на војната.