Претседателот Иванов во работна посета на Турција

11.05.2018 10:39

Во рамките на посетата на Република Турција, претседателот Иванов во Истанбул ќе учествува и на Глобалниот форум за лидерство кој годинава се одржува на тема „Променливиот изглед на регионите, крстопатот на меѓународните алијанси“.

Претседателот Ѓорге Иванов е во работна посета на Република Турција. На престижниот универзитет „Џумхуријет“ во Сивас ќе одржи предавање на тема „Ататурк и Македонија“. Универзитетот ќе додели титула почесен докторат, а ќе се сретне и со градоначалникот и гувернерот на Сивас.

Во рамките на посетата на Република Турција, претседателот Иванов во Истанбул ќе учествува и на Глобалниот форум за лидерство кој годинава се одржува на тема „Променливиот изглед на регионите, крстопатот на меѓународните алијанси“.

На Глобалниот форум за лидерство учествуваат политичари, амбасадори и истакнати професори од Турција и од светот.