Од синоќа гори отпадно железо во „Макстил“, пожарникарите сѐ уште на терен
Во тек е интервенција на територијалната Противпожарна бригада на Град Скопје со девет возила и 21 пожарникар. Побарана е и помош со цистерни на Комунална хигиена, на ЈП Водовод и канализација Скопје.

Пожарникарски екипи сѐ уште го гаснат пожарот во фабриката „Макстил“, кој избил доцна синоќа, откако се запалил стар железен отпад.
Во тек е интервенција на територијалната Противпожарна бригада на Град Скопје со девет возила и 21 пожарникар. Побарана е и помош со цистерни на Комунална хигиена, на ЈП Водовод и канализација Скопје.
Според Противпожарната бригада во Скопје, пријавата за пожарот ја добиле синоќа околу 23:30 часот. На теренот затекнале запалено суровинско отпадно железо, кое вработените го подготвувале да го стават во печките на топење.
