Нетанјаху: Нападите јасна порака до Асад
Тој наведе дека неговата земја е во „постојана кампања“ и оти израелската војска извела обемно ракетирање врз ирански цели во Сирија.

Израелскиот премиер Нетанјаху изјави дека нападот врз положбите на иранските сили во Сирија е јасна порака до сирискиот претседател Башар Ал Асад да не го напаѓа Израел. Тој наведе дека неговата земја е во „постојана кампања“ и оти израелската војска извела обемно ракетирање врз ирански цели во Сирија.
Генералниот секретар на ОН, Гутереш повика на итен прекин на сите непријателски активности и провокации за да се избегнат судири на Блискиот Исток.
Иранските сили изведоа ракетен напад врз израелските воени бази на Голанската Висорамнина, по што Израел остро одговори.
Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека во израелските напади загинале најмалку 23 луѓе, меѓу кои и пет сириски војници.
