САД

Хаваи бара помош поради земјотресите и вулканските ерупции

11.05.2018 11:11

На Хаваите се случила толку голема катастрофа што им е потребна директна федерална помош, вели гувернерот.

Гувернерот на Хаваи, Дејвид Иге побара од претседателот на САД, Доналд Трамп да прогласи состојба на катастрофа поради земјотресите и вулканските ерупции.

На Хаваите се случила толку голема катастрофа што им е потребна директна федерална помош, вели гувернерот.

Се претпоставува дека трошоците за заштита на тамошното население во следните 30 години ќе изнесуваат околу 3 милиони долари.