Приватните специјализанти во јуни ќе добијат плата
11.05.2018 12:34
Ресорниот министер Филипче, дојде на пресот и им вети дека повеќе нема да работат без пари. Посочи дека тие се иднината на нашето здравство...

Новата генерација приватни специјализанти во јуни ќе ја добијат мајската плата. Побараа ист третман за сите специјализанти, сѐ до донесување на стабилно долгорочно решение за засегнатите.
Ресорниот министер Филипче, дојде на пресот и им вети дека повеќе нема да работат без пари. Посочи дека тие се иднината на нашето здравство. Рече дека Македонија има дефицит од доктори. Земјава има потреба од 380 лекари во внатрешноста и околу 150 во Скопје.
Приватните специјализанти на прес пред Министерството за здравство побараа дефиниран работен статус и еднаков третман за сите приватни специјализанти.
